
Е - КНИГА PDF 3 МЕСЕЧЕН ПРИРАЧНИК ЗА САМОСТОЈНА РАБОТА НА СЕБЕ И СВОИТЕ УВЕРУВАЊА И ДЕТСТВО
Е - книга е водич од понеделник до петок за самостојна работа низ секојдневни задачи, вежби и патокази за личен развој.
Детално осмислен, обработен со разновидни бои, слики, дневни цитати, јасно и концизно насочен за индивидуата да не може да се "изгуби" во него, внимателно обележан за секоја недела, ден и месец.
Повеќе детали за овој три месечен прирачник за самостојна работа

Во овој PDF прирачник или е - книга се работи на неколку главни аспекти:
1. Позитивен однос кон себе и самодоверба
2. Работа на доминантни уверувања од детство како: "Не сум доволно добра/ар", "Никогаш не правам доволно добро", "не сум доволно способна/ен"..
3. Уверување "предодреден/а сум за просечен живот".
4. Уверувања настанати од примерите низ искуствата како: ,,Не си способен за тоа’’, ’’од тебе нема никогаш да биде човек’’, ’’не смееш’’, ’’ќе пропаднеш’’, ’’немаш никакви шанси’’, ’’немаш право’’, ’’не е важно што знаеш, туку кого познаваш’’, ’’веќе си престар/а’’, ’’животот е сѐ потежок’’, ’’животот е бесконечно страдање’’, ’’љубовта е празна бесмислица’’, ’’не се занесувај, кај тоа кај нас да успее’’, ’’внимавај да не си останеш без пари’’ ...
Понатаму, во третиот месец индивидуата работи на неколку одбрани трауми од детство и тоа:
1. Траума настаната како последица на несигурен дом полн со караници во родителскиот дом.
2. Траума настаната како последица на сиромашен дом и околности + сиромашни околности и идолизирање на богати луѓе.
3. Обработка на траума: "Никогаш не е доволно добро".
4. Траума настаната како несериозно почитување на детето или како што јас ја нареков: "Земање на детето здраво за готово".
5. Траума настаната поради споредување на детето со други дечиња "биди како Марко"..