Три чекори до она што сакате да бидете, да работите или да го имате
- Vedrana Gaia
- Mar 3, 2024
- 3 min read
Креативниот процес има едноставен концепт. Се состои од три чекори:
Прв чекор (ваша задача): Вие барате.
Втор чекор (не е ваша задача): Се дава одговор.
Трет чекор (ваша задача): Добиениот одговор мора да се прифати или допушти (мора да му дозволите пристап).

Прв чекор: Вие барате
Благодарејќи на чудесното и разновидно опкружување кон кое сте насочени, првиот чекор доаѓа автоматски, бидејќи на тој начин се раѓаат вашите природни склоности. Сѐ – од вашите суптилни или несвесни желби до јасни, прецизно замислени желби – е добиено од спротивставените искуства на вашето живеење. Желбите (или потрагата) се природен нуспроизвод од вашето изложување на ова разновидно и контрасно опкружување. Значи, првиот чекор доаѓа сам по себе.
Втор чекор: Универзумот одговара
Вториот чекор за вас не претставува грижа бидејќи тој не е ваша работа. Тоа е работа на Нефизичкото, работа на Божјите сили. Сѐ што ќе побарате, малку или многу, се прифаќа веднаш и се нуди во целина, без исклучоци. Вашето барање понекогаш се изговара со ваши зборови, но честопати од вас избива вибрационото, како константна струја на личните потреби кои се надоврзуваат едни на други и секоја добива одговор. На секое прашање се дава одговор. Секоја желба се исполнува. Секоја молитва се услишува. Но, причината што многумина ја оспоруваат оваа вистина, истакнувајќи ги примерите на неостварени желби од сопствено исуство, е тоа што сѐ уште не го сфатиле и извршиле особено важниот трет чекор – бидејќи без него, постоењето на првиот и вториот чекор е безначајно.
Трет чекор: Допуштање
Третиот чекор е примена на Умеењето на допуштање. Тој е причината за постоењето на вашиот систем на управување. Тоа е чекор преку кој ја подесувате вибрационата фреквенција на своите желби. На истиот начин на кој вашето радио мора да биде подесено на бранова должина на станицата којашто сакате да ја слушате, вибрационата фреквенција на вашето Битие мора да се совпаѓа со фреквенцијата на вашите желби.

Секој предмет се состои од два дела: посакуван и непосакуван.
Секој предмет е, всушност, две нешта: она што го сакате и неговото отсуство. Честопати и кога верувате дека размислувате за нешто што сакате, вие всушност размислувате за спротивното. Пример: кога велите “сакам да бидам здрав“ вие всушност мислите “не сакам да бидам болен“; кога велите “сакам да имам финансиска сигурност“ вие мислите “не сакам да бидам сиромашен“; кога велите “сакам да го пронајдам идеалниот партнер“ вие мислите “не сакам да бидам сам/а“.
Она што го размислувате и она што го добивате претставува совршено вибрационо совпаѓање, така што може да биде од корист доколку направите свесна корелација помеѓу она за што размислувате и она што моментално се манифестира во вашиот живот. Ќе ви биде од уште поголема корист ако сте во состојба да сфатите каде одите пред да стигнете таму.
Запомнете, како продолжетоци на чистата позитивна Нефизичка Енергија, колку повеќе сте во вибрациона складност со Себе, толку подобро се чувствувате. На пример, кога нешто почитувате, вибрационо се совпаѓате со својата суштина. Кога сакате некого или себеси, вибрационо се совпаѓате со својата суштина. Но, ако наоѓате недостатоци на себе или на некој друг, тогаш нудите вибрации кои не се совпаѓаат со вашата суштина, а негативната емоција што ја чувствувате е показател дека имате вибрација на отпор и повеќе не сте во состојба да ја овозможите (допуштите) својата чиста поврзаност меѓу вас и вашиот Нефизички дел.
Извадок од книга Естер и Џери Хикс - Барај и ќе добиеш
Comments