Плескавици од црвена леќа
- Vedrana Gaia
- Apr 10, 2024
- 1 min read
Updated: Jun 4, 2024
Подгответе здрави, вкусни и нискокалорични плескавици од црвена леќа. Овие плескавици од леќа можете да ги подготвувате и за време на пост бидејќи се премногу вкусни и лесни за подготовка.

Состојки:
-300 грама црвена леќа;
-Половина лута пиперка;
-2 сварени моркови;
-1 сварен компир;
-1 млад кромид;
-3 чешниња лук;
-Маслиново масло.
Зачини:
-2 м.л. кари;
-2 м.л. хемилајска сол;
-1 м.л. бибер;
- 1 м.л. куркума;
- и други зачини по ваш избор.
Подготовка:
Најпрво леќата ја оставаме во сад со ладна вода 3 часа да отстои. Пред подготовка повторно треба да се измие и да се исцеди убаво;
Потоа леќата ја ставаме во блендер, ги ставаме и останатите состојки морков, компир, кромид, лук и зачините, додаваме и едно лажиче маслиново масло;
Блендираме сè додека не добиеме хомогена смеса;
Додека се блендира смесата во тавче на оган ставаме маслиново масло да се загрее;
Додаваме од смесата во загреаното тавче, го формираме обликот со супена лажица и кратко потпржуваме.
Плескавиците може да се јадат како веге бургери во лепче или како плескавици со пржени/печени компири и прилог по ваша желба.

Споделете
Comments