top of page

Освежителен летен ЧИА пудинг

Updated: Jul 18, 2024

Летото е најдосаден дел за идеи за доручек, бидејќи освен овошје и свеж цеден сок или вода не можеме ништо друго да јадеме поради топлиот воздух и силното сонце. Затоа открив еден многу необичен појадок кој воопшто не се јаде на “сила“, туку напротив создава една силна зависност да се јаде одново и одново со секој нов ден.


За овој рецепт потребни ви се неколку состојки кои се достапни на секој во домот, а едно нешто кое го открив неодамна навистина ми го олесни животот, со оглед на тоа што не внесувам обичен јогурт, а растителното млеко некако ми го изгуби тој убав вкус... Се работи за грчки јогурт. :)


Потребни состојки за пудингот:

  • 1 г.л. чиа семе

  • 1 м.л. мелено ленено семе

  • 1 рака замрзнато или свежо овошје по ваш вкус

  • 1 банана

  • 1 м.л. какао

  • 1 м.л. мед

  • 3 г.л. грчки јогурт


Неколку часа претходно или ноќ претходно ставете лажица чиа семе во вода заедно со замрзнатото овошје (ако ставате свежо, тогаш користете го дента кога ќе го спремате чиа пудингот).


Откако чиата ќе се соедини со водата и ќе набубри по неколку часа се истура во рачен блендер заедно со овошјето (замрзнато/свежо), бананата, какаото, леленото семе, медот и грчкиот јогурт. Се блендира додека не се направи крупна кашеста структура, што значи да не биде како смути, туку да остане чиата и ситното овошје (затоа користиме рачен блендер), сѐ со една цел - да може да се јаде, а не да се пие.


Целата смеса ја истурате во една здела или голема шоља и врз смесата додавате уше 4-5 големи лажици грчки јогурт. Целата смеса се јаде комбинирано заедно со грчкиот јогурт... а задоволството откријте го самите!


Ви посакувам Bon Appétit!



Comentários


© 2024 |  Vedrana Gaia @vedranagaia

bottom of page