top of page

Важноста на привременото осамостојување

Привременото осамостојување значи живеење целосно сами, егзистенцијално и финансиски независни, емотивно недостапни и ослободени од сите приватни релации со партнери, одвојувањето од родителите и нивната целосна или делумна помош, како и од сите луѓе кои на некаков начин премногу ви се блиски и прикрпени за вашата личност. Ова е важно заради надминувањето на преголемата зависност со луѓето и развојот на сопствениот идентитет, но ајде да навлеземе малку подлабоко зашто е важно одреден период од животот да се осамосталиме.

Причината поради која овој избор е важен и неопходен е себеспозна-

нието и ослободувањето на својата личност од луѓе, туѓи мислења, ставови и погледи за “правилен“ начин на живеење. Независноста од овој вид придонесува слобода во духот која е клучна за личната среќа и слободата во идните партнерски релации и пријателски односи.


  • Преголемата близина, врзаност, контакт со другите луѓе (безразлика дали тие се од поблизок или поширок контакт) и немањето поголема конекција низ самотија со својата душа ја пригушува можноста да создадете вистинско себеспознание и да изградите стабилен, независен, од една страна свој конзервативен, но и космополитски дух и карактер кој ќе ве направи независен човек.


  • Тоа не значи да се создадете себеси како по модел за светот, туку да стекнете една широка лепеза на индивидуални искуства за животот воопшто, за трошоците, математичките разновидни пресметки за живот, штедење, патување, различните видови на плаќања кои ги содржи општеството, да научите како функционира животот самите на сопствена кожа и низ тој процес паралелно да работите на својата личност како би го јакнеле сопствениот дух, мудрост и став.


  • Зашто е ова важно? - Бидејќи кога ќе влезете во партнерски однос заради овие искуства можете да се ставите во положба на помала вредност, некомпетентност или чувство дека сте неспособни без другиот и да создадете зависност која ќе се компензира со родителската зависност некогаш, а притоа никогаш нема да имате можност да го почувстувате животот на своја кожа за да знаете како изгледа истиот без родителите или партнерот.


  • Без овие искуства човекот многу тешко може да се воздигне до правилно еволуциско скалило и свесност и да воспостави независност во духот, затоа што ќе биде принуден на некој начин целиот живот да учи од туѓи примери или да биде послушен пред другите затоа што ќе мисли дека другите имаат повеќе сознанија, само затоа што ја нема оваа неопходна лична искусена независност. Тоа не мора да значи дека овој самачки живот треба да трае со години, доволно е да се одлучите на самачки живот барем 6 месеци со самостојна работа и плаќање сами или со мала помош од родителите само за да ги почувствувате придобивките од истиот за бенефитите на сопствената личност и идентитет за во иднина кога тој чекор ќе биде навистина ваша неизбежна одговорност.


  • Доколку индивидуата сето ова го практикува со истраен и дисциплиниран духовен развој на доверба во Бога во целиот тој процес на самостојно “преживување“ ќе создаде една моќна верзија од себе која ќе отвори пат за искачување на повисоки духовни димензии и воздигнување на својата личност затоа што ќе биде независна од влијанието на блиските луѓе, но тоа не значи дека тој/таа не ги сака блиските, туку само малку ќе ја дистанцира близината во име на личното себеспознание и духовен развој.


Независноста, најпрво од родителите е здрава за својата психолошка, емотивна и духовна личност бидејќи создава простор да се спознаете надвор од родителското опкружување и луѓе и да видите кои сте вие далеку од матичниот дом, што сака вашата душа за вашата реализација како личност, за вашата иднина, начин на живеење и воопшто домот и стилот на живеење во целина. Самото уредување на ентериерот, обврските во домот, средувањето, пиењето кафе/чај со самите себе ќе ве создава во својата најдобра верзија.


Без овие искуства човекот многу тешко може да се воздигне до правилно еволуциско скалило и свесност и да воспостави независност во духот, затоа што ќе биде принуден на некој начин целиот живот да учи од туѓи примери или да биде послушен пред другите само затоа што ја нема оваа неопходна независност.


Доколку ве интересира можете да прочитате и за блогот #УВЕРУВАЊА .


Споделете


Comments


© 2024 |  Vedrana Gaia @vedranagaia

bottom of page