top of page

Меѓучовечки граници

Границите значат линија до каде другиот човек може и смее да оди кон мене во разговорот, до каде смее да (не) ме почитува и испраќа енергетска порака кога сум добра/ар, а кога мудра/ар. Постојат неколку видови на социјални граници и истите се стекнуваат низ самодисциплинирано применување во секојдневието кои попатно ја воспитуваат индивидуата на самопочит и љубов кон себе.


Секоја токсична средина во која опстојуваме ни кажува дека ние внатре во себе треба да работиме на нашата енергетска, но и психолошка личност. Кога сме во средина во која не постојат граници и кога секој прави како што сака, тоа е знак дека во нас има нешто кое треба да се исцелува, односно да погледнеме каде ние со нашето однесување ги правиме истите нешта кон другите (бидејќи секој човек се однесува кон нас по пат на огледало).


Личност која нема самодоверба и самопочит, ќе дозволува другите да ѝ ја водат нејзината енергија, а не таа да ја контролира својата енергија. Тоа значи дека само индивидуа која има самопочит и самодоверба ќе умее да стопира личност што не ја почитува, ќе умее да застане зад себе, да искаже свое мислење, да укаже за некое лично незадоволство или во друг случај да се оттргне од некоја ситуација или човек од која е постојано непочитувана.


Затоа секоја индивидуа мора најпрво да работи на личниот интегритет и воспоставување на самодисципли-нирани навики кои ќе ја/го одведат кон лична реализација и сатисфакција која ќе овозможи стабилно однесување и заштита на личното его. Бидејќи границите во својата психолошка основа ја носат во превод заштитата на кревкоста на сопствената душа, па затоа здравото его е тоа кое ќе придонесе за здрави граници.


Ако физички граници значат на некој начин линии прикриени со ограда од двор, ѕидови на куќа, ограда на гаража или во поголема смисла, граници на една држава во која се знаат сите правила, норми и закони кои се пропишани согласно таа култура, кои ако не се почитуваат тогаш за тоа има некакви последици или законски процедури кои ќе придонесат за личноста која не ги почитува овие закони и правила да и следат и одредени санкции за нејзините прекршувања.


Што значи “граници“ се одредени бариери кои се дел од една личност, простор, дом, поседување имот или било каков материјален предмет, кој се идентификува како нечија припадност. Ако ова се граници во материјална смисла, граници во духовна смисла се одредени црвени линии кои нас ни претставуваат важни интимни делови од нашата личност, минато, искуства или нешта кои ни сметаат и директно ја афектираат нашата личност, мир или ментално здравје.


За границите да бидат успешни, потребно е да се работи на сопствената свесност, мудроста, едукацијата и храбро да се проникнува за себе во односите. Границите доаѓаат од воспитанието во домот, но исто така се дел од нашата духовна (не)развиеност, бидејќи се директна алга на нашата (не)способност да се носиме со светот и општествените односи, чија пак умешност доаѓа од зрелоста и развојот на сопствената личност.


Границите се комплексен дел од нашето постоење и често знаат да бидат загрозени од туѓата неосвестеност. Луѓето во Р. Македонија најчесто не знаат за граници и затоа предизвикот тука е уште поголем, поготово кога работиме помеѓу такви луѓе.


Но, повеќе за граници и сите видови на граници подетално учиме во програмот за личен и духовен развој “Алхемија на душата“ кој ќе биде отворен наскоро со пристап за нова тримесечна група. За да станете член во новата група на Алхемија на душата, во која поопширно работиме на подигнувањето на свеста за љубовта, границите и позитивниот однос кон себе и другите, можете да ме контактирате за повеќе информации на меилот: harmonija.edu@gmail.com



 
 
 

Comments


© 2024 |  Vedrana Gaia @vedranagaia

bottom of page