Лесна 'ко песна “Vegan Pizza“
- Vedrana Gaia
- Jan 2, 2024
- 2 min read
Порано бев огромен љубител на пица, онаа добра мрсна, раслеана и претопена во кашкавал капричиоза. Но откако станав вегетеријанец (скоро веган) пред околу 6 години, менито целосно ми се измени.

Искрено, не можам да се пожалам, затоа што веге рецепти мислам дека има дупло повеќе од рецепти со месо или живина. Па не се чувствувам “деградирана“ во ниту еден случај, напротив, да знаеја луѓето колку е поубава оваа храна (а да не зборуваме и за тоа колку е поздрава) ќе правеа поинакви избори и самите. А за тоа, да е “жив и здрав“ www.pinterest.com :))
Бидејќи не купувам бело брашно, вообичаено правам леб од интегрално брашно, некако не ми оди интегрално тесто на пица, па затоа земав замрзнато бело тесто. Откако ги одмрзнав користев само неколку состојки, а тие се следниве:
Малку зејтин
4-5 печурки исецкани на 1/2цм
Околу “еден палец“ во должина исецкана на ситни парчиња тиквица (многу тенки за да не се чувствува водата во нив).
Кашкавал (користам мешан, затоа што единственото нешто кое е искушение за нас веганите е кашкавалот, од него не си правам рестрикција, меѓутоа слабо го користам, најчесто за шпагети и пица).
Деликатес сирење од Кам “Ѓорѓиеви“. Инаку незнам како го открив овој деликатес, ми го разубави животот, а чини буквално ништо. Поддржувам целосно вакви мали бизниси кои носат квалитет, а не чинат привилегија.
Легендарниот томатело (ставате од око по желба).
Зачини:
Сол
Оригано
Босилек
Малку лук во прав
Note: Пред да почнете да ја спремате пицата, вклучете ја рерната на 200С, со долен и горен греач за да се загрее додека вие го правите останатото, ќе ви заштеди многу време и струја.
Редослен на инструкции:
Порцијата одмрзнато или направено тесто ја премачкувате прво со зејтин, па со томатело и попрскувате зачини (сол, босилек и оригано).
Рендате кашкавал низ целото тесто
Врз него ги редите круговите тиквици
Потоа над нив ги редите печурките
Потоа рендате повторно кашкавал и ставате (рендано со вилушка) од деликатесот на Ѓорѓиеви
Ставате повторно од зачините врз сите слоеви и одозгора додавате дополнително томатело
Ја ставате спремната пица на плех и ја печете некои 10 - 20 минути (зависно од тестото, ако е замрзнато ја печете некои 10 минути). Низ процесот гледате убаво да се испечат тиквиците (гледајте да не се препечат, за да не се изгуби шмекот) и пицата е спремна за сервирање.
Доколку некој знае добар рецепт за тесто за пица, го замолувам нека го сподели во коментар под овој блог.
Останатите... Bon Appétit!

Comments