top of page

Крем супа од тиква и морков

Updated: Oct 31, 2024

Супата од тиква и морков е секогаш здрав избор за оброк – бидејќи е богата со хранливи материи како: витамини (А, Ц и Е) и минерали (калиум и магнезиум), антиоксиданти (бетакаротен), нискокалорична и богата со диететски влакна. Бета каротенот претставува провитамин А, односно телото има способност да го конвентира во витамин А. Секогаш треба да биде дел од зимската трпеза, бидејќи е богато хранлива со сите потребни нутриенти за постигнување на квалитетен имунитет кај човекот.


Изработила: Тамара М.


Состојки:

- Маслиново масло

- 1 главица кромид

- 4 чешниња лук

- 2 домати (ситно сецкани)

- 6 сварени моркови

- 500гр варена тиква

- 200мл обична павлака или павлака за готвење

- 500мл вода

Зачини: 2 м.л. кари зачин, 1 м.л. сол и 1 м.л. бибер


Подготовка:

- Најпрво го сецкаме кромидот на ситни парчиња, потоа го потпржуваме во маслиново масло неколку минути додека не зацрвени;

- Се додава ситно исецканиот лук;

- По неколку минути се додаваат доматите и;

- Сите зачини; -

- Потоа се додава 500мл вода и се остава да се вари 25 минути;


- Откако ќе омекне смесата ја оставаме неколку минути да се излади;


- Потоа во блендерот ги додаваме сварените тиква и моркови и смесата која претходно сме ја подготвиле и ја блендираме сѐ додека не добиеме хомогена смеса;

- Изблендираните тиква и моркови ги ставаме во претходно подготвениот зеленчук и ја додаваме павлаката.

- Готвиме 5-10 минути на тивко сѐ додека супата не се соедини со павлаката и сите сочни состојки и зачини во неа, а по потреба се додава сол или друг зачин по избор.


Откако ќе ја пробате со лажичка и почувствувате дека е готова, ја сервирате во чинија со некое домашно лепче или багетче по ваш мерак.


Bon Appétit!


Изработила: Тамара М.


Comments


© 2024 |  Vedrana Gaia @vedranagaia

bottom of page