Pumpkin vegan чорба
- Vedrana Gaia
- Dec 28, 2023
- 2 min read
Updated: Oct 4, 2024
Овој блог со рецепти (искрено) го направив “за мене“, затоа што имам 100 неуспешни обиди за пишување рецепти во тетратки, а и побрзо и поефективно ми е да ги напишам на тастатура, па затоа наместо да бидат само за мене, реков зошто да не им служат и на другите луѓе, па така настана и овој веге блог. Но, ајде ние да се фатиме за работа..

Потребни состојки:
2-3 свежи моркови (исецкани на поголеми парчиња)
1/2 мала тиква (исецкана колку големината на исецканите моркови)
1 кромид (средна големина, исецкан на поголеми парчиња)
1 средна големина компир на пола
5-6 главици лук
1 мала шоља растително (соја или по свој избор) млеко
Зачини:
1 м.л. кари
1/2 м.л. куркума
1 м.л. полна црвен пипер
1/2 м.л. бибер
1/2 м.л. сол
Подкотовка:
Се ставаат компирот, морковот и лукот во околу 350-500мл вода (јас ставив од око според зеленчукот, нивото на водата беше три-четири прста над зеленчукот). На 8ца-9ка го оставате да се вари со полу затворен капак, сѐ додека не се свари најтврдиот зеленчук, а откако ќе омекнат ја додавате и исецканата тиква.
Претходно полните една чаша со растително млеко и ја истурате во блендер и во неа ги додавате сите зачини горенаведени.
Откако ќе проверите со виљушка дека се сварени сите зеленчуци, целиот состав го истурате во блендер. Ако не ви собира сѐ, препорачувам да ги блендирате на два пати, на тој начин што зеленчукот ќе го земате со голема лажица за макарони за да може водата да остане во тенџере (никако не ја фрлајте).
Откако ќе изблендирате сѐ, ја враќате смесата во истото тенџере кадешто се вареше зеленчукот и го оставате да се крчка на многу тивка рингла. Откако сте ги измешале млекото, зеленчукот и водата ќе промешате убаво со лажица, па доколку чорбата има многу голема густина која тешко се меша, додавате 1/2 - 1 шоља вода од око, сѐ додека не ја добиете посакуваната густина.
Додаток: Овој рецепт прекрасно одговара со додаток грчки јогурт (помешан со вода за да добие густина на јогурт) и 2-3 лажици од истиот се истураат во послужената чинија со магдонос и една лажица лимон.
Bon Appétit!

Comments