top of page

Веган ќофтиња + сончогледов мајонез

Покрај мајонезот од индиски ореви, кој го направив во руската салата (види тука), направив уште еден сличен и превкусен мајонез кој може да се користи во салати, како сос за компири или друг печен зеленчук, но и идеален за превкусни ќофтиња.



Состојки за ќофтињата:

  • 1,5 шоља варен бел или црвен грав (испасиран со виљушка).

  • 2 големи моркови (рендани)

  • 1 компир (може, но и не мора)

  • 1 кромид (ситно исецкан)

  • 3 главици лук (ситно исецкани)

  • 1 мала шоља брашно (можете било какво брашно, јас користев пченкарно)

Зачини (ставате од око, по желба):

  • 1 лажичка црвен пипер

  • 1/2 лажичка бибер

  • 1/2 лажичка куркума

  • 1 лажичка сол

  • Малку вегета

  • сецкан свеж магдонос или зачин

Состојки + подготовка на мајонез од сончоглед:

  • 100 грама непечен сончоглед (половина кесичка)

  • 2 лажици оцет (прехрамбен или јаболков)

  • 1 мала или голема лажица сенф (зависно од тоа дали лути или не)

  • 2 главици лук

  • 3 лажици сончогледово или маслиново масло

  • 1/2 исцеден лимон

  • Малку млеко од соја (се става од око, не премногу. Користев соино млеко од Стокомак 70ден +/-)


Подготовка на ќофтиња:

Кромидот го пржите на тава со маслинов зејтин, ситно исецкан. Потоа го додавате ситно исецканиот лук и ренданиот морков. Пржите додека не заруменат сите состојки, а потоа ги истурате во пасираниот грав и ги додавате сите зачини, сол и брашно. Смесата ја мешате со рака додека не се соединат сите состојки и оставате да се маринира 15-20 минути.


Потоа правите топчиња (истата смеса можете да ја користите и како плескавици) и ги редите на хартија во тава за печење. Можете директно да ги печете на овој начин или претходно да ги сролате во сос од патлиџани пред да ги ставите во рерна.


Ги печете на 200С околу 15-25 минути, зависно од рерната, додека убаво не се испечат. Исто така, за оној кој сака пржени ќофтиња, истата смеса можете да ја подготвите и со пржење во маслинов зејтин.


Потоа ги сервирате со мајонез од сончоглед, руска салата, корнишони или нешто по своја желба.


Уживајте!



Comentarios


© 2024 |  Vedrana Gaia @vedranagaia

bottom of page