Веган (торта) мафин(и)
- Vedrana Gaia
- Aug 14, 2024
- 2 min read
Updated: Aug 16, 2024
Ако ја зборувам вистината, не сум голем фан на благо, слатки и чоколади.. поготово не на купена, преработена, исфорсирана, штетна и полна со Емулгатори десертна храна. Но, денеска направив еден прекрасен рецепт кој беше за мафини, но бидејќи немав калапи го направив во вид на торта... Затоа, овој рецепт можете да го искористите и вие слободно на двата начини.

*** Пред да почнете да ја правите смесата, пуштете ја релната на 180C да се загрее.
Суви состојки:
Брашно 1 cup (околу една чаша обично брашно, јас мерам во калапи)
Шеќер 1/2 cup (2-4 лажици)
Какао 1 голема лажица со полн врв
Ванилин шеќер 2 пакетчиња
Пециво за печење 1 кесичка (12гр)
Сол - половина лажичка
Течни состојки:
Зејтин 3 лажици
Растително млеко 1 cup (1 чаша)
Дополнително (но, и не мора):
1 чоколадо за готвење
2 банани (исцекани на кругови)
Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки, па потоа течните и на крај течните ставете ги во сувите. Измешајте убаво додека не добиете густо-течна смеса која се одлепува убаво од страните на тањирот во кој мешате.
Доколку е премногу густа, додајте млеко, доколку пак е премногу течна, додајте брашно. Најдобро ќе знаете дека е спремна кога ќе ја истурите во калапот за печење (торта), па нема лесно да се разлее на сите страни или обратно, нема тешко да се разлејува насекаде... Но, со точно мерење на состојките, нема да може да го погрешите рецептот.
Смесата ја истурате во тавата (јас користев гумена тава за торта која може да се пече во релна) и ја печете 25 минути без да ја отварате воопшто релната. На крај, со чепкалка за заби проверувате дали е готова на тој начин што ќе ја прободите тортата со чепкалката и на неа не треба да има течна смеса. Тоа е знак дека тортата/мафините се готови.
Опционално: Јас врз тортата мафин ставив и растопено чоколадо за готвење и банани на кругчиња.
Доколку сакате здрав доручек, пробајте го мојот освежителен летен ЧИА пудинг!
Ви посакувам Bon Appétit!

Comments