Веган болоњезе
- Vedrana Gaia
- Dec 16, 2023
- 2 min read
Updated: Dec 22, 2023
Доколку сте љубител на домашно приготвена храна, а поготово доколку сте обожавател на италијански јадења, а уште повеќе ако сакате да се храните здраво и без месо, ова е идеална можност да направите за себе или фамилијата едно многу вкусно, здраво, веганско јадење кое воедно е мое креативно дело.

Потребни состојки:
1 кромид
4 главици лук
4 моркови (претходно сварени и исецкани прво на кругови, а потоа истите кругови на половинки)
1 м.л. сенф
1 мала шоља црвена (сварена) леќа (4-5 раце)
Томатело сос од патлиџани
2 г.л. киноа (една рака)
1 пакетче шпагети (сварени)
Зачини: 1 м.л. сол, 1 мл сушен босилек, 1/2 м.л. бибер, 1/2 м.л. црвен пипер.
Подготовка:
Ситно исецкан се пржи кромидот неколку минути во загреан маслинов зејтин;
Се додаваат ситно исецканите главици лук;
Се додаваат зачините и;
Сенфот и киноата;
Потоа се додаваат сварените моркови, се пржи и се меша додека морковите не се соединат со мирисите и зачините од претходно приготвениот зеленчук;
По 1-2 минути се додава сварената црвена леќа (заедно со водата од неа, без кајмакот, него отстранете го со лажица);
Потоа се додава една мала шоља томатело сос (количината е +/- поради желбата за вкус, треба да се постигне посилен вкус заради самата суштина на болоњезето).
Ја намалувате јачината на ринглата и потоа одржувате една балансирана помала температура на 2ка/3ка и потребно е да има некои 2-3 прсти вода над целата смеса за убаво со текот на варењето на сите состојки да се соедини и доведе до убав и густ сос кој ќе наликува целосно на болоњезе.
Набљудувајте и следете ја болоњезе смесата со повремено мешање и пробување со лажица, а доколку мислите дека е потребно дополнително зачинување или томатело сос од патлиџани, дотурајте сѐ додека не се постигне вашето идеално “чувство“ на оригиналниот болоњезе сос.
Откако е готов, болоњезе сосот се сервира во чинија над сварените шпагети, а по потреба се додава сол и томатело сос.
Bon Appétit!

Comments