top of page

Уверувања

Updated: Dec 22, 2023

Што се уверувања и како може негативните уверувања да се променат?



Уверувањето поедноставно кажано е длабоко складирано верување во потсвеста поради што?

-              Поради начинот кој сме го гледале од родителите.
-              Поради нивните погрешни избори и желби.
-              Поради нивното ниво на свест.
-              Поради нивната лична несигурност и поглед кон својот живот.
 
Уверување е длабоко верување и перцепција, поглед, двоглед или леќа низ која го гледаме светот, себеси, животот, парите, партнерите, семејниот дом, начинот на живот воопшто. Затоа најчесто не сме свесни за сето тоа што го живееме во текот на секојдневието и воопшто не погледнуваме дали е нешто правилно или не, а ова важи и за родителите и за нас сега кога веќе сме пораснати со програмирање од минатото на животот.
 
Како можеме најлесно да процениме дали Уверувањата ни се правилни или погрешни? – Многу едноставно, ако малку го освестиме внатрешниот живот, можеме да видиме дали сме во ред или не, по нашата среќа, исполнетост или неисполнетост и негативни емоции. Тој внатрешен живот секогаш е патоказ на нашите Уверувања.
 
Ако сме несреќни, незадоволни или со постојани променливи меланхолични расположенија, најверојатно е дека живееме со негативни мисли и емоции, што кажува и многу за нашите уверувања од детството и сегашниот живот и избори кои сме ги направиле.
 
Ако сме исполнети, успешни, задоволни, ако заработуваме без премногу да се раслојуваме на сите страни до степен да не знаеме кои сме после работното време. Ако гледаме видлив напредок во смисла на лична зрелосна и интелектуална промена, ако гледаме една многу поквалитетна верзија од нас со секој нареден месец, тогаш тоа ни кажува дека нешто правилно правиме и живееме што резонира во согласност со потребите на нашата душа и духовна суштина.
 
1. Како до Уверување дека СМЕ доволно добри?

За да го создаваме тоа суштинско Уверување дека доволно сме добри, потребно е да работиме на нашата лична исполнетост. Тука се подразбира:

-  Независност
-  Духовно растење и намалување на апетитите кои се наметнати од општеството
- Инвестирање во својата личност низ самодисциплинирана работа
- Правење промени кои ќе ве одведат кон животот кој внатрешно го посакувате
- Ставање на себеси на прво место и следење на личните грешки во секојдневието со другите луѓе.
- Освестување на сите последици од детството кои на некој начин ве влечат надолу.
- Храбро тргнување кон животот кој гопосакувате, како последица на искрената љубов кон својата душа.
 
 
2. Како до Уверување дека не сме создадени за просечен живот, туку за живот кон изобилство

За да создадеме Уверување дека сме создадени за живот со изобилство потребно е да читаме книги кои ќе не самоосвестат дека животот не е она што ни го наметнале родителите во домот. Ако имаме несреќни, неуспешни и духовно ограничени родителски примери, тогаш нашата задача е да ја видиме другата страна на паричката која ќе ни го отвори патот на вистината дека животот може да биде многу поинаков од оној кој сме го научиле од своите родители.
 
Тоа значи, нашата задача е да освестиме дека:
 
Животот е замислен за да го живееме со нашите таленти и способности. Но истите тие да ги користиме во работа која нас лично ни носи вистинско задоволство и убава исполнета енергија во текот на денот од својата работна етика. А не кога ќе си отидеме од работното место да се чувствуваме истрошени и безживотни. Тоа подразбира понекогаш и храбро тргнување и создавање нешто свое кое ќе биде креативно, но истовремено и ќе даде пред светот и другите луѓе практична помош. Што значи не зборувам за некој мал бизнис кој само ќе биде нова алка на веќе создаденото материјалистички ориентирано општество. Фактот што Бог кај секој од нас создал таленти за кои можеме да придонесеме и најмала добробит и олеснување на животот на другиот со нашата работа, кажува дека всушност ние не сме создадени за себе и нашите алчни потреби. Нашата задача е да откриеме која е нашата духовно-материјална суштина која ќе служи на некаков начин за сите луѓе, а не само за себе во тоа да се прехраниме и да живееме изобилно.
 
Кога работиме работа која нѐ исполнува и духовно облагородува, низ која притоа ги развиваме нашите таленти и способности, тогаш ние сме на патот кон личното изобилство. Секоја работа во која нашата душа ужива, автоматски и духот се воздигнува во нас и нашето психо-физичко постоење добива една многу позрачна и поблагородна духовна димензија. Па затоа она што е најклучно за ова Уверување е тргнување кон својот повик на душата, а помалку прилагодување на другите луѓе и живеење според зацврстените наметнати обрасци од родителите.
 
Можеби ќе ве интересира: Основата на самодовербата

Comments


© 2024 |  Vedrana Gaia @vedranagaia

bottom of page