top of page

Руска веган салата

Долго време барав опција за веганска и пред сѐ здрава верзија на руска салата, па конечно направив совршена комбинација.



Состојки:

(сите зеленчуци претходно сварете ги)

  • 2 шољи грашок

  • 2 шољи пченка

  • 1 средно голем компир

  • 2-3 моркови

  • 7-8 корнишони

Зачини:

  • Сол

  • Бибер

  • Љубов :Р

Веган мајонез (состојки+подготовка):

  • 1 кесичка или рака индиски ореви (отстоени во врела вода 1 час)

  • 1/2 или 1 лажичка сенф (ако не лути може и 1 цела мала лажичка)

  • 1/2 исцеден лимон

  • 1 лажичка јаболков оцет

  • 2-3 чешниња лук

  • 1 лажица маслиново масло

  • сол и бибер

  • Дополнително, но не мора, околу 5-6 лажици млеко од соја.

Сето ова го блендирате додека не се добие густина на мајонез. Ако ви е премногу течно значи дека сте ставиле вода. Вкусен е и течен и густ. Доколку сакате да биде повеќе како мајонез, ставете повеќе индиски ореви.


Подготовка на салатата:

  • Сите зеленчуци се сецкаат на мали коцкички, освен пченката и грашокот и се ставаат во длабок тањир. Се истура мајонезот и се меша додека не се добие посакуваниот вкус.


Уживајте!




Comments


© 2024 |  Vedrana Gaia @vedranagaia

bottom of page